Македонските претставници на јуниорскиот Евросонг, што синоќа се одржа во Париз, го освоија деветото место.
Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ се претставија со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина. Дванаесет поени ни додели Албанија, а македонското жири 12 поени ѝ даде на Русија.
Победник на јуниорскиот Евросонг е Ерменија.