ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Манасков: Против Холандија ќе бидеме подобри

Левото крило на македонската ракометна репрезентација и еден од најискусните во националниот тим Дејан Манасков оцени дека вчерашниот стартен пораз од Норвешка нема негативно да се одрази врз амбициите за пласман во следната фаза на Светското првенство.

Македонските ракометари вчера на дуелот во Краков направија дури 17 технички грешки што резултираше со висок пораз од фаворитот Норвешка (39-27) во воведниот натпревар од групата Ф.

-Толку многу изгубени топки против една репрезентација како Норвешка не смее да се направат. Норвешка победи заслужено, а ние мораме да ги поправиме грешките бидејќи Холандија игра сличен ракомет, изјави Манасков, најавувајќи поинаков пристап за дуелот против Холандија, в недела од 18 часот.

„Не се покажавме во најдоброто светло, но има сили во овие момчиња. Против Холандија ќе бидеме подобри. Остануваме фокусирани на целта да се пласираме во следната фаза. Верувам дека тоа е достижно без оглед на стартниот пораз“, додаде Манасков.

Холандија во првиот натпревар славеше убедливо против Аргентина со 29-19.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе