Селекторот на Италија, Роберто Манчини, зборуваше за неговите очекувања за сезоната 2022/2023 во италијанскиот шампионат.
Фудбалскиот стручњак верува дека Милан, Интер и Јувентус ќе конкурираат за трофејот во Серија А.
„Милан имаше тивко лето, но има простор да напредува. Леау може да стане уште подобар. Истото важи и за Тонали. Кога сме кај Интер, Лукаку прави голема разлика во Италија. Алесандро Бастони може да стане одличен дефанзивец, но треба да работи за тоа“, го цитира Манчини реномираната La Gazzetta dello Sport.
Новата сезона во италијанската Серија А почнува на 13 август.
Милан минатата сезона го освои Скудетото под водство на тренерот Стефано Пиоли.