УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Marca тврди дека Донарума и Нејмар се степале во соблекувалната

Поразот и елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите тешко им падна на сите во Пари Сен-Жермен, а шпанскиот весник пренесува и за тепачка по натпреварот.

По натпреварот, како што пренесува шпанска Marca, дури дошло и до физичка пресметка во соблекувалната на актуелниот вицешампион на Франција.

Според овие наводи се степале Нејмар и голманот Џиџи Донарума. Сѐ започнало кога Бразилецот му префрлил на италијанскиот голман за лошата реакција и голема грешка при првиот гол, што практично го врати Реал во живот.

URL

Италијанецот не молчел и веднаш му одговорил на Нејмар. Прво влегле во жестока расправија, а потоа паднале и неколку удари, пред да интервенираат нивните соиграчи и да ја прекинат тепачката.

ПСЖ годинава остана без можност да се бори за трофејот кој очајно одамна го посакува. Очигледно е дека голем број ѕвезди на едно место не можат да функционираат на вистински начин.

Со елиминацијата од Лигата на шампионите ПСЖ ќе има нова разочарувачка сезонава бидејќи моментално е во игра само за еден трофеј - оној во француската Лиг 1. Претходно испадна од Куп де Франс во осминафиналето губејќи на пенали од Ница, а на почетокот од сезонава го загуби и францускиот Суперкуп кој замина во витрините на Лил.

ПСЖ никогаш во историјата ја нема освоено Лигата на шампниоте, што е и цел на богатиот газда кој досега не жалеше финансиски средства за од „Светците“ да направи конкурентен тим. Минатото лето ги донесе Лео Меси, Серхио Рамос, Ашраф Хакими и Џанлуиџи Донарума, но и покрај тоа клубот бележи разочарувања и барем до наредната сезона ќе остане на она единствено финале од пред две сезони, кое и го загуби од Баерн.

Почетино бесен на ВАР: Бензема го фаулираше Донарума

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе