Маса консултирал адвокати - ја сака титулата на Хамилтон од 2008

Ф1
Ф.З.
/ 04.04.2023 / 18:27

Бразилскиот возач Фелипе Маса откри дека е во процес на проценка дали постојат правни начини на кои би можел да влијае на исходот на шампионатот во Формула 1 од 2008 година. Тогаш првак стана Британецот Луис Хамилтон, а клучниот детаљ беше несреќата за време на трката за Големата награда на Сингапур.

Маса и Хамилтон по контроверзната трка

Таа трка е позната по инцидентот намерно предизвикан од Нелсон Пике Жуниор, поради што безбедносното возило се појави на патеката. На овој начин му помогна на тогашниот колега од Рено, Фернандо Алонсо, да победи.

Дополнително, поради излегувањето на безбедносното возило, пит-стопот на Маса имаше големи последици - тој замина во боксот како првопласиран, а се врати на 13-тото место и остана без клучните бодови во трката за титулата. Неговиот главен конкурент Луис Хамилтон го освои третото место и благодарение на тој пресврт на крајот стигна до својата прва титула.

По трката за Големата награда на Бразил, последна од таа сезона, Хамилтон имаше само бод повеќе од Маса, па дефинитивно може да се каже дека инцидентот од Сингапур го реши прашањето за шампионот.

Што го натера Маса да го преиспита исходот од таа трка, за него крајно неповолна, 15 години подоцна?

Станува збор за неодамнешна изјава на Берни Еклстоун, поранешниот прв човек на Формула 1.

„Тогаш решивме да не правиме ништо. Сакавме да го заштитиме нашиот спорт од голем скандал. Дадов сѐ од себе за да го убедам Нелсон Пике да молчи. Тогаш постоеше правило дека редоследот на крајот од сезоната не може никако да се промени по доделувањето на наградите организирани од ФИА. Тогаш на Хамилтон му беше врачен трофејот и сѐ беше во ред. Имавме доволно време да истражиме што се случува, но според статутите, под тие услови требаше да ја откажеме трката во Сингапур. Во тој случај Маса би станал шампион“, изјави Еклстоун за F-1 Insider.

URL

Маса, очекувано, реагираше на овие зборови на Еклстон.

„Во тоа време луѓето во Ферари ми кажаа за тоа правило - ништо не може да се направи, дури и кога станува збор за докажана кражба. Сепак, како да реагирам кога 15 години подоцна тогашните водечки луѓе на Ф1 велат дека намерно молчеле за да не предизвикаат инцидент?! Многу е тажно да се знае дека трката требаше да биде откажана и титулата да ми припадне мене. Ќе ја проучам ситуацијата и ќе видам што е можно. Моите мотиви не се финансиски. Правдата мора да биде задоволена бидејќи бев жртва на кражба“, изјави Фелипе Маса.

Деталите за намерниот судир на Пике се појавија во 2009 година и беа причина за двегодишна суспензија за Рено. Тимскиот шеф Флавио Бриаторе и техничкиот директор Пет Сајмондс исто така беа казнети.

Сепак, титулата на Хамилтон не беше загрозена од тогашната истрага бидејќи не беа пронајдени докази дека тимот на Рено знаел за планот за несреќа, ниту пак дека помогнал во неговото спроведување.

URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ф1

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Read more

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе