Маск отвори нова анкета, дали треба да остане шеф на Twitter?

Милијардерот Илон Маск објави анкета на Twitter во која ги праша корисниците дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата и побара да гласаат. Тој порача дека ќе ги почитува резултатите од анкетата.

Во неколку објави по анкетата, Маск посочи дека е сериозен околу повлекувањето од функцијата шеф на компанијата, но не е јасно каква ќе биде иднината на Twitter доколку тој се повлече од функцијата извршен директор.

„Како што вели поговорката, внимавајте што посакувате затоа што може да се оствари“, напиша Маск на Twitter.

Тој ја објави анкетата синоќа, а позитивно се изјаснија 58 отсто од анкетираните.

Откако го купи Twitter за 44 милијарди долари и ја презеде функцијата извршен директор на крајот на октомври, Маск отпушти неколку директори и околу половина од вработените. На преостанатите работници им даде ултиматум дека „мора да работат многу напорно или да заминат“. Потоа уште илјада вработени го напуштија Twitter. Исто така, Маск ги отпушти вработените кои отворено не се согласуваа со него.

Маск на Twitter зборуваше за слободата на говорот, поради што дозволи некои луѓе повторно да го имаат нивниот Twitter профил, како што е поранешниот американски претседател Доналд Трамп и „други луѓе кои ширеа лажни вести на социјалните мрежи“.

Во меѓувреме, брендовите почнаа да ги отстрануваат своите реклами од Twitter. Милијардерот и претходно често изјавуваше дека финансиите на Twitter се лоши, а анкетата што ја објави, како што наведуваат агенциите, можеби е показател дека Маск не е целосно задоволен од она што го прави во компанијата како извршен директор. 

Тагови
реклама

Интернет

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе