Мегваер категоричен: Можам да се справам со навредите

Дефанзивецот повторно беше мета на критики откако во вторникот си постигна автогол во победата од 3:1 на Англија во големото дерби против Шкотска.

Англискиот фудбалски репрезентативец Хари Мегваер денеска изјави дека може успешно да се носи со критиките поради неговите игри во дресот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, пренесуваат британските медиуми.

Пред некој ден Англија во пријателски натпревар ја победи Шкотска со 3:1, а Мегваер си постигна автогол. Потоа стана мета на шкотските навивачи.

Remote video URL

„Поминав низ многу во последните неколку години. Бев капитен на Манчестер Јунајтед скоро 4 години. Тоа е огромна одговорност и сѐ што доаѓа со неа. Во тоа има многу добро и лошо“, изјави Мегваер за британски Express.

Тој призна дека очекувал навреди од навивачите на Шкотска.

„Ваквите работи го симнуваат притисокот од моите соиграчи, а целиот товар е на мене. Затоа играат подобро. Не можам да се пожалам на шкотските навивачи, но сѐ е поради третманот што го добивам во последно време. Знаевме дека навивачите на Шкотска ќе бидат непријателски настроени кон нас, бидејќи видовме дека не ни ја почитуваат националната химна. Не грижете се, можам да се справам со навредите“, рече Мегваер.

Мегваер оваа сезона одигра само еден натпревар за Манчестер Јунајтед и тоа против Арсенал. Минатата сезона во Премиер лигата одигра само 491 минута.

„Сакам да играм за Манчестер Јунајтед. Менаџерот Ерик тен Хаг одлучи да не играм. Меѓутоа, имаме уште многу натпревари пред нас и сигурен сум дека ќе играм“, додаде англискиот дефанзивец.

Мегваер призна дека имал понуда во летниот преоден рок кариерата да ја продолжи во Вест Хем.

„Не постигнавме договор, среќен сум што останувам во Манчестер Јунајтед. Приоритет е мојата клупска кариера, како и играњето во репрезентацијата на Англија“, заклучи тој.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе