Овој викенд ќе ја видиме третата борба меѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поарје, а Ирецот ја искористи можноста да му се закани на својот противник.
Откако Мекгрегор го нокаутираше Поарје во првата рунда во борбата одржана на 28 септември 2014 година, Американецот му возврати на 24 јануари годинава со нокаут во втората рунда.
Трилогијата ќе биде комплетирана овој викенд, а Мекгрегор му испрати порака на противникот:
„Ќе си поиграм, а потоа ќе го убијам ова исплашено момче. Секогаш се бори исплашен, како и сите други кои се борат против мене“, порача Мекгрегор.
Третата борба ќе се одржи во Лас Вегас.