Приказната за T-Class е стара речиси две години, а сега Mercedes ја ажурираше со нова најавна фотографија.
Mercedes ја најави Т-Class уште во 2020 година, а потоа една година подоцна го претстави EQT, целосно електричен концепт на новиот модел. Сега конечно доаѓа Т-Class, а премиерата е закажана за 26 април оваа година.
Достапните информации се многу скудни. Досега е објавена само една тизер фотографија од Штутгарт, која го открива предниот дел на возилото. Секако, атрактивниот преден дел со EQT останува врзан за концептот, додека новата T-Class ќе го преземе постоечкиот рецепт од гамата, со отворена маска, огромна трикрака ѕвезда и карактеристични светла.
Треба да се каже дека T-Class е навистина MPV модел, па како таков ќе биде поповолен за оние кои имаат просторност, практичност и одредена доза на робусност на листата со високи приоритети. Очекувајте комбинација од класични мотори и хибриди, како и се што веќе нуди помалиот Citan.
Главната разлика е во тоа што Citan е создаден во соработка со Renault и припаѓа на полето на комерцијални возила, иако со патничка верзија. Т-Class е најавена како „премиум мал миниван за активен животен стил“ и ќе понуди прилагодлив ентериер и целосно задоволство да поседувате луксузно возило од германската марка.