Mercedes ја претстави G-Class со која го слави 55-тиот роденден на AMG

Со специјална верзија на бесмртната G-Class, Mercedes-Benz го прославува 55-тиот роденден на AMG, кој од 1999 година стана оддел задолжен за најмоќните и најбрзите модели со трикрака ѕвезда.

Зад името Edition 55 стои Mercedes-AMG G63, со кој германскиот автомобилски магнат го прославува 55-от роденден на познатата компанија AMG од Афалтербах, каде до 1999 година се работеше на тјунинг на Mercedes моделите, по што и официјално стана оддел на Mercedes задолжен за најмоќните и најбрзите модели.

Mercedes ќе го нуди AMG G63 Edition 55 до октомври, а купувачите во Европа ќе можат да избираат помеѓу две бои на каросеријата (Obsidian црна и Opalite бела) на кои и во двете верзии долниот дел од вратата е украсен со стариот стилизиран амблем AMG.

Темните детали на каросеријата се дел од пакетот Night / Night II, натписот AMG е исто така на хромираната обвивка на резервоарот за гориво, а бесмртната „кутија“ на Mercedes е поставена на двобојни 22-инчни армирани алуминиумски бандажи.

Под хаубата нема промени, па G63 Edition 55 го придвижува 4-литарскиот битурбо V8 мотор на AMG кој развива 585 КС и 850 Nm максимален вртежен момент, кој на двете оски се распределува со 9-брзински автоматски менувач.

Автомобилот тежок 2.485 килограми од 0 до 100 км/ч стигнува за 4,5 секунди и развива електронски ограничени 220 км/ч.

Во споредба со стандардниот Mercedes-AMG G63 за Edition 55, во Германија се потребни дополнителни 17.850 евра, а од AMG велат дека ќе има уште „роденденски изненадувања“ во наредните месеци.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе