Мерцедес во Монако покажа радикално дограден F1 W14

Ф1
Ф.З.
/ 26.05.2023 / 14:17

Пред почетокот на трката за Големата награда на Монако, Мерцедес покажа темелно модифициран F1 W14 кој требаше да дебитира пред една недела во Имола, а меѓу промените се издвојуваат новата предна суспензија и новиот концепт на страничниците.

Во Мерцедес за време на претсезонското тестирање сфатија дека немаат доволно напредок со новиот F1 W14 и дека нивниот развоен пат не е доволно моќен за да бидат во чекор со високите стандарди наметнати од Ред Бул.

Не само што не се доближија до Ред Бул, кој годинава е подалеку отколку на крајот од минатата година, туку Мерцедес заостана зад Астон Мартин, кој користи иста погонска единица и има сличен концепт како Ред Бул.

Тимскиот шеф Тото Волф истакна дека новиот пакет подобрувања нема да биде магичен чекор напред со кој Мерцедес одеднаш ќе биде рамо до рамо со Ред Бул, туку дека треба да им даде одговори на прашањата дали барем одат во вистинската насока.

Со новиот концепт, Мерцедес ги отфрли високите и тесни странични доводи за ладење, а новите се пошироки и повисоки (тиркизно), за да се ослободи повеќе простор за проток на воздух од долната страна на страничниците, принцип што Ред Бул до крајност го искористија со овогодинешниот RB19.

Горната површина на страничниците нежно се спушта надолу, а на почетокот на наклонот има низа хоризонтални отвори за ладење кои може да се менуваат за панел со повеќе или помалку слотови, во зависност од барањата за ладење.

Голема промена претрпе и конфигурацијата на предната суспензија, која и натаму е пуш род, но предната спојка на горното попречно рамо (виолетова) сега е прикачена на многу повисоко место на шасијата од претходно.

Ова треба да му овозможи на болидот помалку да понира при сопирање, а во исто време да доведе до поголема стабилност на аеродинамичната платформа, па теоретски, тимот треба да може да вози поблиску до земјата, што е клучен принцип за искористување на максималниот потенцијал на подот во новата ера која започна во 2022 година.

Тагови
реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе