ЛИГ 1 2021/22

Меси конечно дебитираше за ПСЖ

Чудно и невообичаено, Меси синоќа истрча во клупски дрес поинаков од оној на Барселона и дебитираше во француската Лиг 1 за тимот на ПСЖ.

Пари Сен-Жермен синоќа гостуваше кај тимот на Рамс, а стадионот „Огист Делон“ ќе остане запишан како локација каде Лео Меси прв пат заиграл за „Светците“.

Агентинецот почна од клупата и во игра влезе во 66. минута на местото на Нејмар. Резултатот тогаш веќе беше 2:0 за неговиот нов тим, а на крајот се покажа и како конечен. Кога Меси излезе на терен друштво во нападот му правеа Анхел Ди Марија и Килјан Мбапе.

Меси имаше мирно и речиси незабележливо деби. Победникот веќе беше одлучен, а Меси и онака е вон форма и ќе му треба време.

„Беше солиден. Среќен сум што дебитираше. Тоа беше важно за него. Далеку е од неговата најдобра форма, но тренира добро. Ќе биде подобар по репрезентативната пауза. Од него го очекуваме најдоброто“, рече тренерот Маурисио Почетино.

Меси дојде во ПСЖ на почетокот од август и нема одиграно официјален натпревар од финалето на Копа Америка на 11 јули кога со Аргентина го победи Бразил и стана континентален шампион. Скоро имаше и мала повреда.

После паузата ПСЖ на домашен терен го пречекува новакот во лигата Клермон, кој по четири кола изненадувачки е трет и непоразен. Меси е во составот на Аргентина за претстојните мундијалски квалификации против Венецуела, Бразил и Боливија.

реклама

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе