Меси на чекор до продолжување на договорот со Барселона

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е на чекор од продолжување на договорот со шпанскиот прволигаш Барселона, објави денеска каталонската телевизиска станица TV3, додавајќи дека неговиот татко и личен менаџер води успешни преговори со клубот.

Договорот на Меси во дресот на Барселона истекува во јуни.

Аргентинецот беше незадоволен од случувањата во екипата во текот на сезоната и веќе најави дека ќе го напушти клубот. Ситуацијата, меѓутоа, во меѓувреме се смени на подобро и Барселона има реални шанси за освојување на шпанската титула, што дополнително ги зголеми шансите капитенот да ја продолжи соработката со каталонскиот гигант во кој ја мина целата своја кариера.

Според каталонскиот медиум, 33-годишниот Меси е подготвен да потпише нов договор за пониска плата, а за возврат по завршување на кариерата да добие место во раководните структури на Барселона.

Планот на Меси, според TV3 е да го носи дресот на Барселона уште две години, по што би направил трансфер во американската МЛС лига каде би ја завршил кариерата, а потоа би се вратил во Барселона на раководна функција. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе