Меси повреден од зборовите на Лапорта: Не ми рекоа да играм беспари

Аргентинскиот ас е повреден од изјавата на Жоан Лапорта која беше дадена во стил дека тој одбил да игра за клубот без паричен надоместок, нешто што на Меси никогаш не му било понудено.

„Вистината е дека, како што и објаснив кога си заминував, направив сѐ што можев за да останам. Никогаш не беше побарано од мене да играм беспари“, објасни Меси за шпански Sport.

Пред неполн месец Лапорта во изјава за RAC1 рече дека до последен момент се надевал дека Меси ќе остане и ќе игра бесплатно, што не се случи бидејќи Меси замина во ПСЖ.

„Од мене беше побарано да си ја намалам платата за 50% и тоа го прифатив без проблем. Имаше услови уште повеќе да му се помогне на клубот. Мојата желба и желбата на мојата фамилија беше да останеме во Барселона“, додава.

„Никој не ми предложи да играм беспари и ми се чини дека зборовите кажани од претседателот не се на место. Ме повредија бидејќи мислам дека нема потреба да кажува такво нешто, тоа е како да ти ја земат топката без да помислат на последиците. Тоа ги тера луѓето да имаат сомнежи за мене, однос што не го заслужувам“.

Меси беше дел од Барса од свои 13 години, а си замина само што наполни 34, настапувајќи 17 сезони во првиот тим.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе