ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Милан ја носи и женската верзија на Ибрахимовиќ

Милан се подготвува да го заврши трансферот на Косоваре Аслани, шведска напаѓачка родена 1989 година, која последните две години играше за Реал Мадрид и која наскоро ќе потпише договор со „Росонерите“.

За еден месец ќе наполни 33 години, а во Шведска ја сметаат за „женскиот Ибра“. Како и Златан Ибрахимовиќ, и таа игра како напаѓач. Родена е во шведскиот град Кристијанстад, а има косовско-албанско потекло. На зглобот има дури и истетовиран албански орел.

Како дете ѝ било предодредено во Шведска да избира помеѓу хокеј на мраз и фудбал, но се одлучила за најважната споредна работа на светот - и била во право бидејќи играше за клубови како ПСЖ, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Со Шведска, Аслани освои два олимписки сребрени медали, европска бронза и светска бронза. Нејзината тајна е тренингот, особено тренирањето на горниот дел од телото. Со оглед на тоа што има многу мускулести нозе, посебно внимание посветува на останатиот дел од телото за постојано да биде во рамнотежа.

Таа е нетипичен напаѓач, всушност не игра само како центарфор, туку е играч со голема брзина и забрзување. Една од нејзините главни карактеристики е брзиот спринт со топка.

Косоваре Аслани важи за ѕвезда во Шведска, иако е многу горда на своето албанско и косовско потекло. Затоа е многу посветена на борбата против расизмот и борбата за родова еднаквост.

Аслани исто така се бави и со мода. Позира за големи брендови, учествува во разни документарни филмови, а кога ќе престане да игра фудбал, веројатно ќе се проба на ТВ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kosovare Asllani (@asllani9)

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе