СЕРИЈА А 2020/21

Милан во 90-та го спаси врвот пред ривалот Интер

Филип Здравески
/ 24.12.2020 / 09:32

Со гол во судиското надполнување Милан го победи Лацио и успеа да го задржи првото место пред налетот на Интер во последното коло од Серија А пред мини-паузата.

Интер со 2:1 славеше на гостувањето во Верона со головите на Лаутаро Мартинес во 52. и Милан Шкринијар во 69. минута со што за момент изби на првото место пред Милан да го одигра својот натпревар. За домашните, 19-годишниот Србин Иван Илиќ израмни на 1:1 во 63. минута по кикс на голманот Самир Хандановиќ. „Нераѕурите“ се во одлична форма во Серија А со седум победи во серија.

Remote video URL

Милан имаше многу потешка задача бидејќи на „Меаца“ го пречека Лацио. „Росонерите“ имаа фуриозен почеток кога со головите на Анте Ребиќ во 10-тата и на Хакан Чалханолу од пенал во 17-тата поведоа со 2:0.

Но, Лацио успеа да израмни. Прво Чиро Имобиле промаши пенал во 28. минута, но на одбиената топка налета Луис Алберто, а во 59-тата Имобиле заби за 2:2.

Во втората минута од надополнувањето Тео Ернандес по еден корнер со глава ја затресе гостинската мрежа за огромна радост во редовите на „Росонерите“, за победа со која Милан се врати на првото место.

Remote video URL

Наполи киксна дома против Торино кој од 56. минута имаше водство преку Армандо Ицо, а „Партенопеите“ израмнија дури во надополнувањето со голот на Лоренцо Инсиње. Нашиот Елиф Елмас почна од клуоата, но влезе во игра во 30. минута на местото на повредениот Диего Деме и го одигра остатокот од натпреварот.

Remote video URL

На терен беше и Горан Пандев кој под новиот тренер Давиде Балардини почна од првата минута на гостувањето кај Специја. Домашните поведоа во 10. минута преку М'Бала Нзола, но шест минути подоцна Пандев го проигра Матија Дестро за израмнување. Во 73. минута гостинскиот капитен Доменико Кришито реализираше од белата точка, а веќе наредната минута Пандев беше заменет. Сѐ на сѐ, и тоа како важна победа за неговата Џеноа, само втора сезонава.

Remote video URL

И третиот Македонец во Серија А синоќа доби минутажа. Илија Несторовски беше на клупата кај Удинезе кој загуби дома од Беневенто. Во 9. минута Џанлука Капрари погоди за гостите, а откако домашните се мачеа да дојдат до израмнувањето во 73. минута Несторовски беше ставен во игра, но ни тој не помогна. Само четири минути подоцна Гаетано Летиција го дуплираше водството за конечни три бода на „Вештерките“. Несторовски имаше еден обид со глава, но биеше премногу млако и голманот лесно одбрани.

Remote video URL

Победа синоќа оствари и Рома која со 3:2 го совлада незгодниот Каљари. Жордан Верету во 11. минута донесе водство за Рома пред Жоау Педру да израмни во 59-тата. Потоа во 71. и 77. минута Един Џеко и Џанлука Манчини обезбедија пристојна предност за „Волчицата“, а во надополнувањето Жоау Педру од белата точка само го ублажи поразот.

Remote video URL

Табела на полусезона:

*Јувентус, Аталанта, Наполи и Удинезе имаат натпревар помалку.

реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе