Мирјана Јосифоска ја најави новата колекција „Циклус“ инспирирана од народните носии

„Моден викенд Скопје“ ќе ја презентира најновата колекција на дизајнерката Мирјана Јосифоска на 27 декември 2022 година, во 19 часот, во Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“ во Скопје.

Најновата колекција на шапки и додатоци за коса наречена „Циклус/Cycle“ е инспирирана од боите користени во народните носии.

Станува збор за урбана и шик колекција која претставува нов израз на дизајнерката Јосифоска.

„Боите што ќе бидат искористени во колекцијата се бои што што можат да се најдат кај народните носии: бела, зелена, црвена, сина и црна. Секоја од нив има посебно значење за македонскиот фолклор. Белата претставува почеток и невиност, зелената - плодност и среќа, црвената претставува живот, љубов, војна и крв, сината- лојалност, меланхонија и тага, додека црната - смрт и крај. Всушност, инспирацијата за името на колекцијата ‘Циклус/Cycle’, доаѓа од значењето на секоја од боите - циклусот на животот опишан преку боите во македонскиот фолклор“, сподели Јосифоска.

„Во колекцијата на шапки се употребени висококвалитетни материјали: реупотребена 100% македонска волна, 100% свила и постава од вискоза. Како дизајнерка која работи на одржлив и еколошки дизајн, материјалите од природно потекло и текстилен отпад се совпаѓаат со мојата дизајнерска филозофија на одржливост. Со употреба на текстилен отпад (помали парчиња материјал што остануваат по кроење во текстилните работилници или од големите ролни) се намалува употребата и купувањето на нови материјали што можат да ја загадат нашата околина, а со тоа и се промовира идејата за рециклирање и циркуларност на текстилот“, рече Јосифоска.

Посебно изненадување ќе биде модната изложба на шапки и креации од колекцијата на дизајнерката веднаш по ревијата во просториите на „Јавна Соба“, каде што ќе може да се пробаат уникатните дизајнерски парчиња.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

За фото продукцијата беа задолжени Меланија Николовска и Лазар Лукиќ, додека модел е Михаела Бошкоска.

Модното шоу, освен за претставниците на медиумите, е од затворен тип и ќе може да присуствуваат само поканетите гости.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе