Серија А 2020/21

Мистериозна повреда го мачи Дибала, лекарите не знаат како да му помогнат

Јувентус игра поголем дел од сезоната без 27-годишниот Пауло Дибала.

Минатогодишниот МВП на Серија А одигра само 859 минути од есента наваму и постигна три гола на 16 настапи, со две асистенции.

Аргентинецот страда од повреда на левото колено, но веќе два месеци не може целосно да го реши проблемот. Неодамна, асот на Јувентус беше во Барселона кај познатиот доктор Кугата, експерт за ваков вид повреди, но немаше напредок во дијагнозата. Дибала сè уште чувствува болка во коленото при напор. Лекарите што ги посетува не можат точно да утврдат каде е проблемот

Требаше да отсуствува само 10 дена

Страдањата за Дибала почнаа на 10 јануари кога беше заменет во првото полувреме од мечот со Сасуоло. Првичните прогнози беа дека нема да игра 10 до 20 дена. Првичната дијагноза укажува на мала повреда на медијалниот колатерален лигамент, но се покажува дека е нешто посложено. Штом Дибала ќе се обиде да се врати на тренинг, болката ќе остане во истата област.

Дибала веќе е на работ на очај бидејќи сезоната наскоро влегува во самиот финиш. На Јувентус му требаат неговите голови во борбата за четвртфиналето во Лигата на шампиони, како и во „ловот“ на Интер во Серија А.

реклама

Фудбал

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе