Фудбалерите на Барселона ремизираа со Алавес со 1:1 во натпреварот од 12. коло во Ла Лига.
Смената на Роналд Куман очигледно не даде резултат во Каталонија. По три порази во претходните 4 натпревари, кризата е продолжена со ремито против екипата од долниот дел од табелата.
Предводени од привремениот тренер Серхи Барухан, Каталонците имаа 79% посед на топката и двоцифрен број на удари, постојано напаѓаа, но дозволија да примат гол и да останат без триумф.
Најдобрата шанса ја пропушти Депај во 59 минута кога ја погоди стативата. Во завршницата и Филипе Кутињо можеше да постигне гол но топката заврши преку пречката.
Барса со ова реми е на 9. место на табелата. Има 8 поени помалку од Реал, Севиља и Сосиедад.