Mugen го откри изгледот на концептот ZR-V

Јапонскиот трјунер Mugen го најави своето присуство на саемот на автомобили во Токио со својата верзија на најновата генерација модел Civic Type R на Honda. Фотографиите од хечбекот уште не се објавени, а претставувањето е закажано за јануари на саемот во Токио. Сепак, во меѓувреме е откриен изгледот на концептот базиран на моделот ZR-V.

Honda ZR-V од фабрика излегува со 1,5-литарски турбобензинец и 2,0-литарски хибрид, а двата мотора развиваат помалку од 200 КС. Mugen го опреми својот кросовер со издувен систем со 4 цевки, додека на вратата од багажникот се наоѓа спојлер кој се протега на двете страни на логото на Honda, со останатите ознаки.

Моделот ZR-V, кој во Европа ќе стигне во 2023 година, има и црни додатоци во аглите на задниот браник, како и спојлер на покривот. Mugen подготви масивни прагови и го редизајнираше предниот браник и решетката од ладилникот со намера да добие повеќе на спортски изглед. Новиот сет фелни и црните куќишта на страничните ретровизори со аеродинамични крилца ги заокружуваат промените.

Синото лого на Honda и HEV логото во долниот десен агол на багажната врата се показател дека Mugen на саемот доаѓа со хибридна верзија на моделот ZR-V. Хечбекот и кросоверот ќе ја делат сцената со два тркачки автомобили кои учествуваа во годинашниов Јапонски супер формула шампионат.

Саемот на автомобили во Јапонија ќе се одржи од 13 до 15 јануари во конвенцискиот центар Макухари Месе во градот Чиба.

Макухари Месе

Покрај моделот Mugen Civic Type R поосетителите ќе го видат и Fairlady Z Customized Edition кој го подготви Nismo.

Тагови
реклама

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

Самоуправувачките автомобили на британските патишта од 2026 година

Читај повеќе

Која е функцијата на малите капаци кај новите автомобили?

Читај повеќе

Кои грешки најчесто ги правиме при складирање на зимските гуми?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Читај повеќе
  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе