УЕФА ЕУРО 2020

Мурињо: Си ја пеам „It's coming home“ и навивам за Англија

Португалскиот стратег навива за Англија на Европското првенство и очекува да ја гледа во големото финале.

Откако неговата Португалија испадна, на Жозе Мурињо му остана втората татковина - Англија. Откри дека не само што жестоко навива за лулката на фудбалот, туку и си ја пее „It's coming home“, песната со која навивачите порачувата дека пехарот ќе се врати дома.

„Си ја потпевнувам 'It's coming home' за да ја искажам мојата среќа. Но, сѐ уште не е на пат за дома“, вели Мурињо на гостувањето во talkSPORT.

„На Англија ѝ е потребен баланс во лошите и во добрите моменти. Исто како кога медиумите критикуваат во лошите моменти, мора да бидат балансирани, долг е патот до крајот“, порача тој.

Со победата во големото дерби над Германија, Англичаните сега во четвртфиналето ги чека пресметка со изненадувањето Украина на Андриј Шевченко.

„При нормални услови Англија треба да стигне до финалето бидејќи не верувам дека ќе загубат од екипите кои им стојат на патот. Но, мораме да ја почитуваме фудбалската игра и нејзината непредвидливост. Франција не е во четвртфиналето бидејќи не покажа апочит кон играта во последните десет минути“

Доколку Англија ја мине Украина, тогаш во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот на Чешка и Данска. Навидум има навистина лесен пат до финалето бидејќи барем на хартија важи за фаворит проти сите овие репрезентации.

„Многу сум, многу задоволен. Навистина се надевам дека сѐ добро ќе заврши, се надевам дека ќе си дојде дома. Но, фудбалот е фудбал, па би им порачал да останат смирени и да се сконцентрираат на наредниот натпревар“, додаде Португалецот.

„Според мене Англија е подготвена на сѐ и ќе бидам ,многу разочаран доколку не стигнат до финалето бидејќи треба, дефинитивно треба да стигнат“.

За разлика од патот на Англија, на другата страна финалистот ќе се бара помеѓу многу пореномирани репрезентации, односно Белгија, Италија и Шпанија, а тука е и Швајцарија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе