СЕРИЈА А 2021/22

Мурињо: Требаше да победиме, најмалку нерешено

Рома синоќа одигра одличен натпревар на гости кај Јувентус, но за Рим се упати поразена откако не реализираше куп шанси, ниту пак пенал.

„Можам само да кажам дека видов една одлична Рома. Тоа им го кажав на моите играчи во соблекувалната“, почна Жозе Мурињо, кој сезонава седи на клупата на „Џалоросите“

Неделното дерби во Калчото беше одлучено во 16. минута кога Моис Кин постигна повеќе случаен гол откако ударот на Родриго Бентанкур го погоди во главата и заврши во мрежата, гол кој потоа се покажа решавачки.

Рома доби удар од белата точка на минута пред паузата, но Жордан Верету само му ја додаде топката на Војчех Шченсни, пропуштајќи колосална шанса за израмнување.

Remote video URL

„Нормално, зборуваме за пораз и нула поени, но сѐ што можам да кажам е дека ова беше една одлична Рома во секоја смисла. Честитки за организацијата, за напорната работа, за оние кои играа и покрај некои физички препреки. Видов храброст, самодоверба, верба. Нормално, поразот секогаш е пораз, но доколку го погледнете проектот, тоа значи да се погледне растот на тимот“.

„Можеби јас го гледам различно од вас, но видов тим кој заслужи да победи, а заврши поразен. Таков е фудбалот“, додаде.

„Пред многу години победив тука без добра игра. Сега загубивме играјќи добро и покажувајќи дека сме на вистинскиот пат“.

„Топката ја вртевме внатрешно, но кога бевме кај нив, кај екипа која се брани одлично со тие двајца професори (се мисли на Кјелини и Бонучи, заб. на прев.), не е лесно. И натаму чувствувам дека направивме повеќе од доволно за да победиме или да извадиме најмалку нерешено. Им честитам на моите играчи, но резултатот... Ќе опцуев за малку! Но, им честитам“, заврши Мурињо во негов стил.

реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе