ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Мурињо во Алиоски ја бара замената за Спинацола

Дали на повидок е сензационален трансфер на македонскиот репрезентативец? Италијанските медиуми блиску до Рома пренесуваат дека нашиот Џани е желбата на Мурињо.

Откако латералниот бек Леонардо Спинацола се повреди настапувајќи за Италија на Европското првенство и се востанови дека ќе отсуствува 6-7 месеци, новиот тренер на Рома треба да најде соодветна замена до почетокот на новата сезона во Калчото.

Италијанските медиуми велат дека Жозе Мурињо има неколку опции за латерално засилување, а последен на неговата листа е Македонецот Езџан Алиоски.

Првата желба е Емерсон Палмиери, но за италијанскиот репрезентативец Рома ќе треба да плати најмалку 16 милиони евра. Тоа е неисплатливо имајќи предвид дека се бара привремена замена. Уште поскап е Алжирецот Рами Бенсебаини од Борусија Менхегладбах чија цена варира помеѓу 20 и 25 милиони евра, згора на тоа Германците и не се многу расположени за негова продажба.

Како што пишува Il Tempo, тука во игра влегува Еаџан Алиоски кој веќе се раздели со Лидс Јунајтед и во Рим може да пристигне како слободен играч, без Рома да ја чини ниту евро оштета. Весникот тврди дека клубот веќе остварил контакт со Македонецот, по што се очекуваат преговори со неговиот агент.

Алиоски оперира по левата страна, но проблем за него претставува играта во дефанзивата, нешто што во Италија е императив за целосен бек. Од друга страна, нема да игра проблеми со јазикот бидејќи зборува италијански од времето кога настапуваше за Лугано, клуб од италијанскиот дел на Швајцарија.

Доколку Џани потпише со Рома, ќе ја зголеми македонската колонија во Серија А каде веќе се Горан Пандев (Џеноа), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи).

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе