На 53 години Наоми Кембел покажа како се оди на писта во Милано

Модната недела во Милано беше исполнета со многу моменти што ги освоија насловите во медиумите: Рајан Гослинг беше во првиот ред за многу очекуваната прва ревија на Сабато Де Сарно за Gucci, Питер Хокингс го имаше своето деби како креативен директор во Tom Ford, а Клаудија Шифер се врати на пистата за Versace.

Меѓутоа, моментот што предизвика најбурни реакциина социјалните мрежи е без сомнение Наоми Кембел која со нејзиниот препознатлив од на пистата за Dolce & Gabbana потсети на најдобрите денови на супермоделите.

На 53-годишна возраст, Кембел останува најдобрата што можете да ја ангажирате и потсети зошто го доби статусот на супермодел по нејзината прва ревија (Jasper Conran) на модната недела во 1986 година.

„Не сакаме да изгледа како да е само за ‘генерацијата на социјалните мрежи’“, му рече Доменико Долче на модниот критичар на британскиот Vogue Андерс Кристијан Мадсен во Милано за кастингот за ревијата пролет/лето 2024 година.

„Сакаме да им се обратиме на жените од сите возрасти, па затоа не ангажиравме само нови лица, туку и етаблирани модели. Сакаме да ги славиме жените во позрели години. Сите зборуваат за новите генерации, но важно е да се погледне на жените од сите возрасти и облици.“

Едноставно кажано, никој не оди на пистата како Наоми Кембел.

„Сè уште уживам, но искинав нерви! Затоа што имам 51 година и одам на писта со девојки кои имаат 18 години!“, рече манекенката во нејзиното придружно интервју за насловната страница на британски Vogue во март 2022 година.

„Одлично е да се биде со овие млади луѓе на моја возраст, но морам да кажам дека на една од ревиите помислував: ‘Ајде, девојки! Кренете ги нозете! Зошто одите толку бавно?’“

Во истиот разговор, таа објасни како во 90-тите можела да создаде од со кој се чувствувала лична и препознатлива.

„Дефинитивно чувствувам дека во мое време беше повесело. Се смеевме. Имавме можност да покажеме карактер.“

Овој септември беше во знакот на оригиналните супермодели, бидејќи Синди, Кристи, Линда и Наоми беа на насловната страница на септемвриското издание на Vogue и ја затворија ревијата Vogue World: London шетајќи рака под рака на пистата додека Ени Ленокс ја пееше химната „Sweet Dreams“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе