ЕХФ ЕУРО 2022 УНГАРИЈА / СЛОВАЧКА

На ЕУРО со 2 нови голмани и 2 играча помалку поради ковид

Селекторот Лазаров мораше итно да прави измени во составот откако синоќа последните тестирања покажаа 5 позитивни тестови, од кои 4 кај играчи и 1 тренер.

Фото: РФМ

За Европското првенство кое почнува в четврток отпаднаа голманите Никола Митревски и Марко Кизиќ, крилото Гоце Ојлески и левиот бек Михајло Младеновиќ. Петтиот позитивен е кондицискиот тренер Петар Баснарков.

Поради ваквиот развој на настаните на голманската позиција, дополнителен повик добија голманите на Бутел и Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски и Благојче Трајкоски.

Што се однесува до позитивните, тие не отпаѓаат дефинитивно туку ќе мора 5 дена да бидат во изолација, а потоа доколку добијат два негативни теста ќе можат да ѝ се стават на располагање на репрезентацијата.

Денеска во 14:10 репрезентацијата полетува за Дебрецен, а финалниот список на ракометари на кои Кирил Лазаров ќе смета е следниов:

Голмани:
Мартин Томовски - Вардар 1961
Градимир Чаневски - Бутел
Благојче Трајкоски - Еурофарм Пелистер

Бекови:
Филип Миркуловски - Вецлар (Германија)
Игор Ѓоргиев - Алкалоид
Марко Митев - Бутел
Горан Крстевски - Форшани (Романија)

Десни бекови:
Кирил Лазаров - Нант (Франција)
Мартин Велковски - Еурофарм Пелистер
Мартин Серафимов - Алкалоид

Леви бекови:
Филип Талевски - Вардар 1961
Филип Кузмановски - Ханофер-Бургдорф (Германија)
Марко Мишевски - Алкалоид

Десни крила:
Никола Костески - Еурофарм Пелистер
Гоце Георгиевски - Вардар 1961

Леви крила:
Цветан Кузмановски - Еурофарм Пелистер 2
Бојан Маџовски - Еурофарм Пелистер

Пикери:
Стојанче Стоилов - Вардар 1961
Жарко Пешевски - Штутгарт (Германија)
Костадин Петров - Металург
Кристијан Симоновски - Алкалоид

Првиот предизвик за Македонија е в четврток кога од 18 часот играме против силната Словенија во салата „Феникс“ во Дебрецен, Унгарија.

Потоа в сабота во истиот термин играме против Црна Гора, а на 17-ти групната фаза ја завршуваме против фаворитот Данска од 20:30 часот. Само првите две од секоја група продолжуваат понатаму.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе