На газдата на Нетс му е преку глава од драма – Ирвинг и Дурант на продажба

По новиот скандал поврзан со Кајри Ирвинг, Бруклин Нетс имаат намера да започнат делумна обнова на тимот.

Кајри Ирвинг беше суспендиран на најмалку 5 натпревари поради јавно промовирање на книга поврзана со антисемитизам, а потоа не се извини. Не само што не покажа каење, туку и продолжи да ги брани своите ставови. На крајот дојде извинување, но само кога лигата се сврти против него. Нетс го суспендираа до понатамошно известување, а неговото враќање на паркетот ќе зависи од неговите понатамошни чекори во форма на дејствија кон еврејската заедница во Бруклин.

Ирвинг потоа беше критикуван од лидерите на НБА и некои од најголемите ѕвезди, како Леброн Џејмс. И се чини дека на сопственикот на Нетс, Џо Цаи, конечно му дојде преку глава од постојаното справување со проблемите што ги создава Ирвинг. Минатата година тој го пропушти поголемиот дел од сезоната затоа што одби да се вакцинира, претходно се истакна по своите теории на заговор за рамна земја, а на капак беше неодамнешната промоција на идеите на контроверзниот десничар и познат теоретичар на заговори. Алекс Џонс.

Договорот на Ирвинг вреден 37 милиони долари годишно истекува следното лето, а според американските медиуми поврзани со Нетс, клубот преку трејд ќе се обиде што поскоро да се ослободи од Ирвинг.

Слична судбина може да го снајде и Кевин Дурент, близок пријател на Ирвинг. На почетокот на летото, Дурент побара трејд од Нетси и покрај тоа што потпиша нов повеќегодишен договор минатата година, а потоа го повлече барањето. Меѓутоа, бидејќи Дурент и Ирвинг се блиски пријатели, а Нетс не ја отвори добро сезоната, НБА тимовите ги реактивираа преговорите за трејдот поврзан со Дурент.

Нетс неодамна му врачи отказ на тренерот Стив Неш, а многу брзо требаше да го ангажираат Име Удоку, до неодамна тренерот на Бостон Селтикс, кој во средината на септември беше суспендиран на една година поради недолично однесување кон жените вработени во клубот. По критиките на медиумите, Нетс нагло се откажаа од тие разговори, иако тоа не значи дека и онака нема да го ангажираат Удоку.

Бруклин Нетс моментално има скор 4-6 и е на 10-тото место во Источната конференција.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе