Науката пресмета

На колку години ќе го запознаете совршениот партнер?

Ако сте над 25 години и сè уште не сте го пронашле вистинскиот за вас, немојте да очајувате бидејќи научниците пресметаа дека идеалниот партнер веројатно ќе го најдете по дваесет и седмата година од животот.

Нашиот љубовен живот може да се толкува низ математички теории. Математичари успеаја да пресметаат на колку години најверојатно ќе го запознаеме совршениот партнер.

Математичарката Хана Фрај спроведе истражување кое ја откри возраста кога луѓето најверојатно ќе ја пронајдат вистинската љубов. Во нејзиното истражување таа употреби математички обрасци, статистика и алгоритами.

Постојат низа луѓе со кои ќе излегуваме во текот на животот, а тие односи ќе се разликуваат во квалитетот. Според оваа теорија, може да предвидиме колку хипотетички партнери може да имаме пред да го најдеме оној вистинскиот.

Исто така, ни дава до знаење кога да престанеме да го бараме и да се посветиме на најдобриот кандидат.

Максимално ги зголемуваме шансите за пронаоѓање на совршениот партнер по дваесет и седмата година.

Математиката ни говори дека шансите за пронаоѓање вистинска љубов меѓу луѓето кои ги познаваме во текот на првите 37% од љубовниот живот се многу ниски. На пример, ако сакате да се омажите пред четириесеттата година, а сте почнале да се забавувате кога сте имале 15 години, тоа значи дека веројатно нема да го најдете идеалниот партнер меѓу 15 и 27 години.

Помеѓу дваесет и седмата година и триесет и петтата година се наоѓа простор којшто овозможува да изберете некој кој е подобар за вас од кој било претходно. Тоа е така затоа што тогаш може да се навратите на сите тие 37% и да ги споредите.

Сите луѓе со кои се забавувате пред да наполните 27 години се дел од процесот којшто ќе ве доведе до пронаоѓање на вистинската љубов.

Вашето љубовно искуство и бившите овозможуваат да учите од нив и да разберете што очекувате од идеалниот партнер. Вашата способност за набљудување се подобрува и помага да ја идентификувате личноста која најмногу ви одговара.

Математиката не лаже, но не лаже ни срцето. Значи, ако сте ја пронашле вашата идеална личност пред да наполните 27 години тоа не значи дека тој не е вашата права љубов. Секогаш бирајте го тоа што мислите дека е најдобро за вас.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе