СЕРИЈА А 2021/22

На Мурињо пак ВАР му е крив: Седат во удобни столици и ни одземаат бодови

Откако Рома синоќа загуби со 2:0 во Фиренца, Жозе Мурињо анализирајќи го натпреварот зборуваше само и единствено за ВАР.

На уморната Рома, по избореното финале во Европа конференциската лига во четвртокот, не ѝ помогна ниту поместувањето на натпреварот за в понеделник, па „Џалоросите“ практично и не одиграа ништо во Фиренца и по само 11 минути игра веќе губеа со 2:0. Но, Мурињо успеа да најде друг виновник, надвор од неговиот тим.

Проблем за Мурињо е пеналот досуден во 5. минута и тоа по интервенција на ВАР откако главниот судија Марко Гуида, кој патем беше блиску, оцени дека нема доволен контакт за прекршок. Аргентинецот Николас Гомсалес успешно го реализираше за водство од 1:0 кое само 6 минути подоцна Виола го дуплираше преку Џакомо Бонавентура.

„Објаснување... па ние чекаме објаснување веќе долго време и сѐ уште немаме објаснување. За овој натпревар има двојно објаснување. Очигледно е дека по четврточниот натпревар ни недостасуваше физичка и ментална енергија, споредено со екипа која имаше цела недела за да се подготвува“, почна Мурињо.

„Но, јас сакам да чујам објаснување од г-дин Банти од Ливорно, кој не е далеку оттука. Веќе ја видов снимката, има допир, но нема фаул. Судијата беше блиску и не досуди пенал. Во ВАР собата г-дин Банти интервенираше“.

Станува збор за судијата Лука Банти кој ја предводеше ВАР собата на овој натпревар.

Remote video URL

„Покрај пеналот, Фиорентина беше посилна, играа со друго темпо и концентрација, така што ја заслужија победата. Проблемот е тоа што не зборувам само за овие три бода, но за многуте, многуте инциденти за кои немаме објаснување. Зошто ВАР повика судија како Гуида кој беше на оддалеченост од 10 метри и сѐ убаво виде дека нема пенал? Зошто? Тоа се објаснувањата кои ги сакаме, а ги немаме“.

Со овој пораз Рома сега има 59 бодови, исто колку и Фиорентина и Аталанта, а 3 помалку од Лацио. Овие 4 екипи водат борба за трите места кои водат во Европа, две во Лига Европа и едно во Конференциската лига. Рома има и џокер во ракавот бидејќи е во финалето на Конференциската лига против холандски Фејнорд, која доколку ја освои автоматски ќе добие место во Лига Европа.

„Да, ние сме во финалето, што апсорбира емоции и енергија од клуб како Рома, но ние имаме и лигашки натпревари за играње и богами, премногу е. Она што му се случува на овој тим е навистина премногу“, се жали португалскиот стратег.

Мурињо од новинар на прес-конференцијата доби интересно прашање за тоа зошто Фиорентина повеќе и полесно напаѓаше притоа правејќи многу вертикални додавања за разлика од Рома која упорно се движеше хоризонтално.

„Многу е едноставно. Пред 12 месеци Залевски веројатно ќе беше на клупа на младиснкиот тим. Сега игра 9 натпревари по ред вклучувајќи и полуфинале од европско натпреварување. Разликата кога се игра вертикално е разлика за 14 натпревари кои Рома ги одигра повеќе од Фиорентина сезонава. Ако трчаме 10 километри по натпревар, 14 натпревари се многу. Тоа е разлика на интензитет и недостаток од интензитет, концентрација и недостаток од концентрација. Многу е едноставно“, објаснува Мурињо, земајќи го за пример 20-годишниот Никола Залевски.

На крајот, повторно им се обрати на ВАР судиите:

„Знаеме дека ја имаме почитта од навивачите на Рома, но ние ја сакаме и почитта од луѓето како Банти, кои седат во нивните удобни столици и досега ни одзедоа многу, многу бодови“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе