Началник во МВР јавно го поддржа Хамас: Ќе следуваат дисциплинска постапка и соодветни санкции

Министерството за внатрешни работи известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Facebook во врска со нападите на Хамас врз Израел.

Против него, како што информираат од МВР, ќе биде поведена дисциплинска постапка, односно ќе следуваат соодветни санкции.

„Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир“, се истакнува во официјалното соопштение.

Информацијата следува по објавата на социјалните мрежи од страна на поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, каде што јавно прашува дали Пендаровски и Спасовски ќе го премолчат тоа што висок началник во МВР ги поддржува, како што вели, Хамас и нападот во Израел.

Во време кога светот и Македонија застануваат и даваат недвосмислена поддршка за Израел и ги осудуваат терористичките напади на Хамас, висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна поддршка на нападите на Хамас врз Израел, пишува на социјалните мрежи поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев.

„Станува збор за Аднан Синани, началник во Одделот обезбедување при Министерството за внатрешни работи и лице што работи како лично обезбедување на заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши. Работа што вклучува ВИП-обезбедување, учество во домашни и странски делегации и присуство на меѓународни настани. Претходно, на социјалните мрежи тој имаше јавна објава, во кој има недвосмислени елементи на говор на омраза, што е кривично дело предвидено во Кривичниот закон. Се поставува прашањето дали безбедносните проверки за ова лице се направени стручно и професионално со оглед на високиот безбедносен ризик при обезбедување домашни и странски ВИП-личности и делегации“, вели Чулев.

Прашува дали функционерите на ДУИ, како Бујар Османи, кој, како што вели, јасно го осуди нападот на Хамас врз Израел, се свесни дека нивен поддржувач има дијаметрално спротивни ставови, а чува нивни колеги од Владата како и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според него, секое премолчување, неосудување и несанкционирање ваков безбедносен инцидент е уште една потврда дека македонскиот безбедносен систем на чело со СДСМ и ДУИ е фрлен на колена и дека безбедносните реформи се само празна флоскула.

Тагови
реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе