Надал: Не знам кога ќе се вратам

Рафаел Надал беше елиминиран во осминафиналето на УС опен.

Подобар од Шпанецот беше Американецот Френсис Тиафо со 6:4, 4:6, 6:4, 6:3 по три и пол часа игра. Овој пораз го остава Надал на 22 Грен слем титули. Новак Ѓоковиќ има 21, а Роџер Федерер 20. За Надал, американскиот Грен слем беше можност дополнително да се одвои од најголемите ривали, кои не учествуваа на турнирот.

Надал на прес-конференцијата по натпреварот изјави дека не знае кога ќе се врати на теренот.

„Морам да се вратам дома и да ги поправам работите, животот. Не знам кога ќе се вратам. Ќе се обидам психички да се подготвам. Ќе се вратам кога ќе почувствувам дека сум подготвен“, рече 36-годишниот Надал.

„Секако, не се подготвив совршено, но во други ситуации беше подобро, дури и без совршена подготовка, нели? Не барам изговори, морам да бидам критичен кон себе. Само така можеш да се подобриш или колку што јас разбирам, само така можеш да најдеш решение“, продолжи Шпанецот.

„Добро тренирав пред една недела. Но, кога почна натпреварот, ми падна нивото, тоа е вистина. Можеби поради психички проблеми поради сè што се случуваше во последните месеци. Не знам, можеби, но нема врска“.

„На крајот, она што се случи беше дека дојдов до осминафиналето на УС опен и играв против играч кој е подобар од мене. И затоа имам авион да си одам дома. Тој одигра добар натпревар и јас одиграв лош натпревар. И тоа е тоа, нели? Не одржував доволно високо ниво на игра, не бев брз, а тој ја удираше топката толку рано што не успевав да вратам“, изјави Надал.

„Тенисот често е спорт каде што е важно да се позиционирате. Ако не успеете, мора да бидете многу, многу брзи и многу млади. А јас веќе не сум таков, моите удари мора да бидат подобри. Секоја чест за него, беше подобар од мене“, додаде тој.

Доколку Карлос Алкараз или Каспер Руд стигнат до финалето на УС опен, тие ќе го преземат првото место на АТП ранг листата од Данил Медведев, кој беше елиминиран од турнирот. Доколку Алкараз и Руд не успеат, Надал ќе биде играч број еден во светот за првпат од јануари 2020 година.

„Имав мои можности. Имав брејк, потоа 15:40 и 0:30 во првиот сет. Имаше многу можности во кои, доколку успеев, можев да ја сменам ситуацијата. Прашање е на самодоверба. Важно е да ја искористиме шансата и да ја спасиме ситуацијата кога противникот игра добро. Ништо не успеав да направам, ништо од тие работи. И тој го направи. Беше одличен, му честитам“, заврши Надал.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе