Најатрактивната боксерка во светот, Ебани Бриџис (37 години, рекордни 9-2), не успеа да ја одбрани титулата на ИБФ во бантам категорија.
Австралијката беше шампионка речиси две години, а појасот го загуби од Јапонката Мијо Јошида (35 години, скор 17-4).
Бриџис требаше да се бори против Австралијката Аврил Мати (35 години, скор 8-1-1), но противничката и го откажа мечот, а Јошида во последен момент го прифати предизвикот.
Како што и навикнавме од атрактивната Бриџис, на мерењето пред борбата се појави оскудно облечена. Поточно, облече само танга и градник и го најави својот триумф.
Но, работите тргнаа лошо за неа во рингот. Јапонската борачка ја победи, а на крајот славеше со едногласна одлука на судиите 99-91, 99-91, 97-93.
Јошида упати двојно повеќе удари од Бриџис, 122 спрема 66, со што заврши владеењето на Бриџис во бантам категоријата.
По борбата, професорката по математика ѝ ја честиташе заслужената победа на противничката и најави дека ќе се врати уште посилна.