Наједноставен рецепт за њоки во доматен сос

Њоките се едно од наједноставните италијански јадења кое секој може да го подготви во кујната.

Италијанците се познати по подготовката на некои од најпознатите јадења од тесто, како паста, пици, њоки, лазањи... Никогаш не користат готова храна, туку сите производи од тесто ги подготвуваат сами. Доколку сакате и вие да направите автентично италијанско јадење, предлагаме да започнете со најлесното, а тоа се њоки во сос од домати. Тестото од компири не е комплицирано за подготовка, а ќе направите ручек кој на сите ќе им се допадне.

Потребни состојки:

  • 1 кг компири
  • 1/4 лажичка морско оревче
  • 1 јајце
  • 190-250 гр брашно
  • бибер

за сосот:

  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 800 мл доматен сос
  • 8-10 листови босилок
  • 1 лажичка суво оригано
  • пармезан

Подготовка:

Во тенџере ставете ги исечкните компири, посолете ги и варете ги додека не омекнат. Процедете и изгмечете ги, па додадете јајце, морско оревче, бибер и просеано брашно, па замесете тесто. Поделете го на 4 еднакви делови и секој дел развлечете го во форма на змија. Тоа ќе го направите со ролање на тестото нагоре-надолу. Исечете ги на помали парчиња и ставете ги во тенџере со зовриена вода. Кога ќе испливаат до врвот се готови.

Во голема тава загрејте го маслиновото масло, додадете го исечканиот кромид и пржете 4-5 минути, додека не порумени. Додадете толчен лук и пржете уште 2 минути. Прелијте со доматен сос, додадете сечкан босилок и суво оригано. Промешајте и варете уште 5-10 минути. Во сосот додадете процедени њоки и варете уште минута-две. На крајот посипете со пармезан и послужете.

Remote video URL
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Рецепти

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе