Највкусните и најздрави намирници во септември: Го чистат организмот од токсини

Септември е месец во кој имаме огромен избор на овошје и зеленчук. По опуштеноста од годишниот одмор, многумина сакаат да го прочистат организмот па овие намирници се совршени за тоа.

По жешките летни денови можеме да уживаме во сочниот вкус на грозјето кое е богато со хранливи состојки. Освен природен шеќер, содржи влакна и витамин Ц. Но, најмногу се истакнува по антиоксидансите. Ресвератрол е најпознатиот, а неговата способност за неутрализација на слободните радикали е поврзана со поголема кардиоваскуларна и антиканцер заштита.

Ако го јадете со лушпа, може подобро да ги искористите антиоксидансите и да добиете повеќе влакна, а тоа го ублажува запекот и го поттикнува организмот на чистење од токсини.

Крушката особено се препорачува на оние кои страдаат од хипертензија, бидејќи е богата со калиум и голема количина вода, па делува како диуретик. Присутноста на влакна и флавоноиди е поголема во кората на крушката отколку во месото.

Почнува и сезоната на јаболка. Иако во текот на годината може да најдеме различни сорти на пазарите и по продавниците, тие сега почнуваат природно да созреваат и имаат подобар вкус. Јаболката се богати со витамин Ц, а киселините и солите во нив дејствуваат антисептички, будат апетит и помагаат во подобрување на дигестијата како и во одржување на оралната хигиена.

Содржат пектин кој ја штити бактериската флора и помага во намалување на количините на холестерол.

Праските се лесен лаксатив и диуретик, овозможуваат три витамини кои го одлагаат стареењето. Една праска овозможува околу 33% од дневната потреба на витамин Ц, 15% витамин А и 10% витамин Е.

Боровинките имаат антиоксидативен ефект, го подобруваат имунитетот. Богати се со железо, фолна киселина и витамин Ц. Особено се корисни за оние кои страдаат од анемија.

Зелката е меѓу првите намирници кои можат да се јадат свежи во есенските и зимските салати и можат да се скиселат со што се добива совршен пробиотик корисен за цревната флора. Богата е со витамини Ц и Е, како и  од групата Б особено фолна киселина. Исто така обезбедува калциум во облик кој телото лесно го апсорбира.

Печурките овозможуваат солидна доза на селен и витамин Д. Селенот и другите антиоксиданси го штитат телото од оштетување на клетките.

Како што се ближи есента, празот се дебелее и вкусот му е поинтензивен. Идеална намирница е за ова време од годината. Исто како лукот и кромидот, празот изобилува со сулфурни соединенија кои ги подобруваат имунитетот и циркулацијата.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе