НарАРТива 2023 – изложба на слики и скулптури со книжевни мотиви и одредници во Гевгелија

Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, а во соработка со НУ Музеј – Гевгелија, на 25 декември во 19:00 часот во Галерија Амам во Гевгелија ќе биде отворена изложбата „НарАРТива 2023“ со слики и скулптури од современите македонски уметници: Никола Пијанманов, Вангел Срнаков, Владимир Илиевски, Ване Костуранов, Марија Трајаноска, Мирјана Крстева Массетти, Миле Ничевски, Тони Попов, Александар Јанев, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓурова, Иван Кал’чев и Анамарија Митриќеска Кал’чева.

Од самите прапочетоци на литературата и визуелните уметности може да се зборува и за нивни интермедијални релации кои по својата природа отсекогаш биле двонасочни. Не само што низ целокупната историја литературните дела вдахновиле и биле втемелувачки жар во процесот на создавање на голем број ликовни дела или скулптури, туку и бројни книжевни дела имаат екфрастичко-експресивен предзнак, а обете уметности комплементарно се надоврзувале во сеопштата еволуција на уметноста, поединечни правци или струи.

Изложбата „НарАРТива 2023“ во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, а во соработка со НУ Музеј – Гевгелија се соочува со целта да ја долови едната од овие две насоки, поаѓајќи од позицијата на естетски и поетички разноликото творештво на современите македонски визуелни уметници – од дела кои своја подлога наоѓаат во поедичени наративни или ситуациски нишки од делата или личностите/ликовите на Е. А. По, Егзипери, Венедикт Ерофеев или В. Шимборска, преку дела инспирирани од ликот или творештвото на Чернодрински, Рацин и Шопов, до дела кои посуптилно или поиндиректно одразуваат некакви наративни обрасци и форми.

Изложбата ќе ја отвори директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, Стефан Марковски.

По повод изложбата, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија објави и каталог со застапените дела.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Култура

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе