НАСА почна поотворено да зборува за вонземјани: Што значи тоа за Земјата и дали сме навистина сами?

Американската вселенска агенција (НАСА) организираше прес-конференција на која за прв пат поотворено се разговараше за можното постоење на вонземен живот.

Во презентацијата на извештајот од 36 страници, кој содржи доста технички и научни опсервации, НАСА соопшти дека сѐ уште нема релевантни докази кои би можеле да го потврдат постоењето на вонземјани, но дека постојат одредени појави кои дефинитивно мора да се истражат.

„НАСА ќе го истражува она што се нарекува УАП, односно неидентификувани аномални феномени (Unidentified Anomalous Phenomena). Ќе работи со подобрена технологија, но и во соработка со вештачката интелигенција“, пишува BBC.

На последната страница од извештајот се нагласува дека сѐ уште нема доволно докази за да се дојде до заклучок во кој УАП би бил идентификуван како вонземен извор.

„Меѓутоа, тие објекти морале да патуваат низ нашиот Сончев Систем за да стигнат овде“, соопшти НАСА.

Иако извештајот не заклучи дека постои вонземен живот, НАСА не ја негираше можноста дека потенцијално непознатата вонземска технологија сè уште делува во атмосферата на Земјата.

„УАП е една од најголемите мистерии на нашата планета и тоа главно се должи на недостатокот на висококвалитетни податоци. И покрај доказите дека УАП се забележливи, нема доволно податоци што може да се искористат за да се донесат дефинитивни научни заклучоци за нивната природа и потекло“, рече Никол Фокс, помошник директорка на Одделот за научни мисии на НАСА.

НАСА исто така изјави дека феноменот УАП ќе го истражува нов тим, но агенцијата не сакаше да сподели имиња со јавноста.

„Една од причините за ова може да биде тоа што тие сакаат да го заштитат новиот директор од какво било потенцијално јавно вознемирување. Беше објавено дека НАСА ја сфаќа безбедноста на тимот исклучително сериозно и дека заканите одиграле голема улога во необјавувањето на името на идниот директор задолжен за истражување на овие појави“, се објаснува.

Она што е интересно е што НАСА се осврна и на мексиканскиот извештај и „презентацијата“ на вонземјани во зградата на Конгресот.

Самопрогласениот експерт за НЛО, Хаиме Маусан, на сослушувањето ги претстави, како што рече, две древни „нечовечки“ тела за кои тврдеше дека се вонземјани. За време на презентацијата, Маусан рече дека телата биле пронајдени во Перу во 2017 година и дека тестирањето утврдило дека нивната возраст е над 1.800 години.

„Направете ги примероците и доказите достапни на светската научна заедница и ќе видиме што има таму“, соопшти НАСА за време на конференцијата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе