Научници тврдат дека мравките се поефикасни од пестицидите

Научниците сега нудат природно остварлива и ефикасна алтернатива на пестицидите во борбата против штетниците.

Истражувачки тим од Бразил разгледал 17 земјоделски системи во САД, Австралија, Обединетото Кралство и Бразил за нивна студија. Нивниот заклучок е дека мравките со правилна контрола можат да бидат многу корисни во борбата против штетниците, што по долго време доведува до зголемување на приносот на културите. Додаваат дека нивната предност е што се поевтини од пестицидите.

Од најмалку 14.000 познати видови мравки, тие избрале 26, кои главно живеат на дрвја, но се гнездат во земјата и на растенијата. По проучувањето, забележале дека тие даваат најдобри резултати во земјоделските системи каде културите и дрвјата се одгледуваат заедно, бидејќи на тој начин имаат повеќе храна и места за гнездење под сенка.

URL

Водечкиот истражувач на студијата, д-р Диегу Ањус од Универзитетот во Уберландија, рече дека резултатите од студијата ги охрабруваат земјоделците да користат поодржливи практики за одгледување на култури. Сепак, тој додава дека улогата на мравките во земјоделството сè уште не е сосема јасна, бидејќи и тие на крајот можат да претставуваат проблем.

Имено, штетниците како вошки и бели муви се почести гости на ливадите и полињата кога во близина има мравки, бидејќи се хранат со медлината што ја произведуваат, па затоа не ги уништуваат, туку на некој начин ги „одгледуваат“ во својата близина и ги бранат од предатори. Сепак, истражувачите тврдат дека алтернативните извори на шеќер - на земја, во близина на стеблата или на нивните гранки - можат да ја прекинат оваа зависна врска, но и дека овој процес допрва треба да се истражува.

Нивната корисност во управувањето со природните ресурси е позната веќе неколку векови и евидентирана во Кина на плантажи со цитрус, за време на контролата на шумските штетници во Канада, но и на плантажите во Гана и Нигерија. Студијата објавена во списанието Nature, исто така, потврди дека мравките пронајдени на пацифичките острови Фиџи можат да одгледуваат најмалку 6 видови растенија, како дел од взаемно корисна врска која датира од пред 3 милиони години.

По најавата на ЕУ дека планира да ја намали употребата на пестициди за 50% во борбата за обновување на екосистемот, според многумина, ова би можело да биде ефикасна опција за земјоделците што исто така би ги зголемила нивните приноси на долг рок.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе