Научниците ја откриваат тајната на издржливата сина боја на Маите

Научниците сè уште расправаат за тоа како е откриена мајанската сина боја, еден од најотпорните пигменти што и по 1.500 години сè уште ги краси храмовите на оваа древна цивилизација.

Мајанскасина боја е името на пигментот кој народот на Маите го користел за време на жртвени ритуали, за правење керамика, за време на исцелување, во темјан топки и на мурали. Научниците денес не можат со сигурност да утврдат кога прв пат бил употребен, но она што е познато е дека овој пигмент се користел пред повеќе од 1.500 години.

Со години не се знаеше како била добиена оваа чудотворна боја која толку долго му се спротивставува на времето, додека со помош на лабораториски анализи не се потврди дека пигментот е направен од темјан и смола од дрво, кои се варат заедно со растението индиго и одреден вид глина - палигорскит, кој Маите го нарекувале sak lu'um, што во превод на македонски би значело „бела земја“.

Долговечна и специфична

Впечатливата боја, како што се испостави, е прилично издржлива, а нејзините карактеристични нијанси сè уште се присутни на бројни мурали низ Мезоамерика и по неколку стотици години во суптропска клима, на локации како што е Чичен Ица, на пример.

Сината боја на Маите се добива со комбинирање на состојките на растението индиго и одреден вид палигорскитна глина, кои се печат на температури меѓу 150 и 200 степени Целзиусови.

Според експертите, таквата топлина била неопходна за да се вклучат молекулите на индиго во белата глина. Излегува дека токму овој процес на инкорпорирање на индиго во глината ја прави бојата стабилна, дури и кога е изложена на суровата клима, алкали, азотна киселина и органски растворувачи.

Денес, научниците само нагаѓаат како Маите успеале да ја добијат оваа боја пред неколку стотици години. Се претпоставува дека топлината се постигнувала во печките кои биле направени специјално за оваа намена и чие споменување истражувачите го наоѓаат во раните шпански хроники.

Една од хипотезите вели дека откривањето на оваа боја можело да се случи сосема случајно кога Маите палеле темјан во керамички садови за време на ритуалните церемонии, а нуспроизводот бил талог со одредена боја.

Користејќи серија анализи, научниците ја идентификуваа содржината на различни примероци од гореспоменатата боја. Општо се верува дека прв пат била користена во класичниот период, кој траел од 250 до 900 година од нашата ера и се смета за врв на оваа цивилизацијата.

Сепак, неодамнешните истражувања во Калакмул ја поддржуваат хипотезата дека бојата почнала да се користи во доцниот предкласичен период - од 300 п.н.е. до 250/300 година од новата ера. Но, се чини дека ова било само почеток бидејќи муралите на други предкласични локации не ја вклучуваат мајанскасината во нивните палети.

Едно од најновите студии исто така можеше да ја потврди употребата на оваа боја во жртвените ритуали што се практикувале во Чичен Ица.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе