Не знаат ни што се биткоини, ама може да плаќаат со нив кај сакаат

Биткоин денеска стана легално средство за плаќање во Ел Салвадор. Со тоа, малата земја стана првата во светот што им овозможи на граѓаните да плаќаат со најпопуларната криптовалута.

Ел Салвадор донесе закон пред три месеци со кој се бара од сите трговци да го прифатат биткоинот како средство за плаќање доколку ги имаат потребните технички способности, а граѓаните исто така можат да плаќаат даноци во биткоини.

Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, рече дека секој што ќе земе дигитален паричник Chivo ќе добие почетен кредит од 30 долари. Тој додаде дека ќе има 200 банкомати Chivo.

Биткоинот не е контролиран од централната банка, туку е создаден од децентрализиран и исклучително енергетски интензивен компјутерски процес.

Неговата вредност силно флуктуира, посочува германската новинска агенција dpa.

Официјалната валута на Ел Салвадор од 2001 година е американскиот долар, што ја направи централноамериканската земја зависна од монетарната политика на американската централна банка, забележува dpa.

Вклучувањето во оптек на криптовалута, чија вредност зависи исклучиво од пазарните критериуми, е неопходно за економскиот раст на Ел Салвадор, според законот што го претвори биткоинот во легално средство за плаќање.

Околу 70 проценти од околу шест милиони жители на Ел Салвадор немаат пристап до традиционалните финансиски услуги, а многумина зависат од странски дознаки од роднини во Соединетите држави.

Истиот процент од граѓаните на Ел Салвадор се противат на законот за биткоин, покажа националната анкета спроведена во август од Universidad Centroamericana (UCA) на примерок од 1.300 испитаници.

Приближно ист процент од испитаниците не знаеле што точно е биткоин, а само 4,8 проценти правилно го дефинирале како криптовалута.

реклама

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе