КОНМЕБОЛ КОПА АМЕРИКА 2021

Нејмар збесна на Instagram - Бразилците навиваат против Бразил

Бразил и Аргентина играат финале на Копа Америка во недела навечер во два часот по полноќ по наше време.

Финалето се игра на Маракана во Рио де Жанеиро, а атмосферата во бразилската репрезентација е лоша. Во Бразил има сѐ повеќе навивачи кои сакаат Лионел Меси конечно да освои нешто со Аргентина, а многу Бразилци беа против изборот на домаќин на Копа Америка оваа година. Од овие две причини, сè повеќе Бразилци навиваат за Меси и за Аргентина.

Бразилците навиваат за Меси?

Затоа бразилските ѕвезди се револтирани. Ги прозиваат медиумите за создавање лоша атмосфера, затоа што некои локални медиуми пишуваат за бразилските фудбалери дека биле арогантни ѕвезди. Покрај тоа, играчите не ги штедат ни бразилските легенди кои работат како ТВ-коментатори.

„Тешко е. Гледаме Бразилци, многу луѓе кои работат во медиумите кои се отворено против нас, кои не ја поддржуваат репрезентацијата на Бразил и кои немаат задоволство и гордост да нè гледаат и да нè поддржуваат“, рече Бразилскиот дефанзивец Маркињос.

Нејмар се огласи на Instagram

Бразилскиот новинар Фабиола Андраде јавно изјави дека ќе ја поддржи Аргентина поради Меси. Затоа Нејмар полуде:

„Јас сум Бразилец со голема гордост и љубов кон својата татковина. Отсекогаш сум сонувал да го носам бразилскиот дрес и да ја слушам песната на нашите навивачи. Навивам за Бразил во кој било спорт, на кое било натпреварување. Ако Бразилец се натпреварува во моделирање, го поддржувам. Ако е во прашање Оскар или што и да е друго, ги поддржувам Бразилците. Каде и да игра Бразил, го поддржувам. И се прашувам: Кој е Бразилец и не го прави истото? Добро, го почитувам тоа, ама одете во бестрага“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Меси игра за Аргентина од 2005 година. Има 150 настапи и 76 голови, но не успеа да освои ниту еден трофеј со репрезентацијата. Затоа многумина му посакуваат златен медал на оваа Копа во Бразил.

Уругвај го држи рекордот по бројот на освоени Копа Америка -15. Аргентина има една победа помалку, а Бразил девет пати бил шампион на Јужна Америка.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе