Несторовски го пропушта ЕУРО: Ќе се вратам посилен

Огромна загуба за македонската фудбалска репрезентација која на претстојното, и за нас историско, Европско првенство дефинитивно ќе настапи без напаѓачот Илија Несторовски.

Популарниот НестоГол го повреди коленото на тренинг за својот Удинезе и стравувањата се потврдија на вчерашните прегледи по што стана јасно дека ќе мора да му биде направен хируршки зафат на лигаментите.

Несторовски преку својот профил ѝ се обрати на јавноста потврдувајќи ги лошите прогнози:

„Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам сѐ од себе и ќе го победам овој предизвик да се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Мариани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“.

Ова е голем удар не само за Несторовски, кој е еден од најзаслужните што Македонија ќе игра на ЕУРО, туку и за селекторот Игор Ангеловски кој го загуби првиот избор во нападот.

Тој е еден од најискусните во репрезентација со 46 одиграни натпревари, а има и постигнато 10 голови. Репрезентативец е од октомври 2015 кога дебитираше на ЕУРО 2016 квалификацискиот натпревар против Украина.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе