СЕРИЈА А 2020/21

Несторовски: Головите ми се многу важни

Македонскиот голгетер е презадоволен по постогнатиот гол во неделата со кој му донесе голема победа на својот тим во борбата за опстанок во Серија А.

Илија Несторовски ја реши Фиорентина. Вака горе-доле пишуваат сите италијснаки медиуми откако Македонецот во неделата во 86.тата минута од натпреварот во Удине со глава ја затресе гостинската мрежа за победа на Удинезе од 1:0.

Со овие три бода неговиот тим има 28 бодови и е на делба на 11. место со Болоња. Удинезе има 10 бодови повеќе од последниот тим кој е во опасната зона, Каљари.

„Освоивме три бода против Фиорентина. Знаевме дека овој натпревар е многу важен за нас бидејќи со оваа победа продолжуваме да напредуваме на табелата. Не смее да гледаме кон долниот дел, со овие бодови направивме убав скок нагоре. Ни недостасуваат 12 поени за да ја исполниме нашата цел и се надевам дека што е можно поскоро ќе ги собереме“, рече Иле.

Сезонава ретко добива шанса да игра од првата минута, а овој пат дури и ги одогра комплетните 90 минути. Во неговиот тим има доста повредени играчи, па нашиот репрезентативец одлично си ја искористи шансата.

(голот е на 3:10)

Remote video URL

„Секогаш кога има нешто што ни недостасува, кога ни фалат неколкумина играчи, мораме да дадеме сѐ од себе. Кон крајот видовме што се случи, бевме добри, победивме, освоивме три бода и навистина сум задоволен за целиот тим, за сите играчи кои играме малку, а сега добивме шанса“.

Несторовски сезонава ретко ги тресе противничките мрежи, што секако е и поради фактот што не добива доволно шанса. Но, двата гола кои ги постигна оваа сезона беа голови за победа, па вкупно 6 бода му донесе на Удинезе сезонава, што е важно во борбата за опстанок. Покрај Фиоретина, претходно му даде гол и на Торино кога при резултат од 2:2 погоди за 2:3 и победа.

„Мене головите ми се многу важни. Конечно сега погодив и му донесов три бода на тимот. Ми се допаѓа кога сум стартер, ми се допаѓа кога му помагам на тимот, на моите соиграчи и конечно после толку време се случи да помогнам со мој гол за да се освојат три бода“, заврши популарниот НестоГол.

Следниот натпревар на Удинезе е утревечер против Милан, а Несторовски повторно очекува да добие шанса.

Remote video URL
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе