СЕРИЈА А 2019/20

Несторовски со гол донесе победа над Рома

Изненадувачка победа на Удинезе среде „Олимпико“ на која гол постигна и македонскиот напаѓач Илија Несторовски. Аталанта го победи Наполи и стави крај на борбата за Лигата на шампионите.

Рома и дефинитивно се збогува со шансите за пласман во Лигата на шампионите откако синоќа доживеа неочекуван пораз од Удинезе, тим кој се бори за опстанок.

Изненадувањето го најави Кевин Лазања во 12. минута, а од 29-тата римјаните мораа да играат со 10 играчи откако Диего Пероти заработи директен црвен картон поради опасна игра.

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски натпреварот го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 65. минута. Тринаесет минути подоцна на одлична асистенција на Родриго Де Паул ја затресе мрежата на Антонио Миранте запечатувајќи ја победата на гостите од Удине.

Remote video URL

Ова е само втор гол за популарниот НестоГол сезонава на кој чекаше дури 16 кола бидејќи првиот го постигна во 13. коло во поразот од 2:1 од Сампдорија.

На Рома не ѝ оди во прилог ниту резултатот од Бергамо каде Аталанта го совлада Наполи со 2:0. Марко Пашалиќ и Робин Гозенс во воведните минути од вториот дел набрзина ја затресоа гостинската мрежа. Кај гостинскиот тим не доби минутажа нашиот бисер Елиф Елмас.

Remote video URL

Со новите три бода Аталанта и натаму е на 4. место со 60 бодови, но дури 12 повеќе од петтата Рома и 15 пред шестопласираниот Наполи. По ова 29. коло дефинитивно се става крај на борбата за првите четири позиции кои водат во Лигата на шампионите и каде ќе играат Јувентус, Лацио, Интер и Аталанта. Математички останатите сѐ уште се во игра, но едноставно тешко е за верување дека Аталанта, кој игра одлично, ќе прокоцка толкава предност.

Удинезе на Несторовски со 31 бод е на делба на 13. место со Фиорентина и Торино, а има 6 повеќе од зоната за испаѓање.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе