Невил за Супер лигата: Тоа беше обид за убиство на фудбалот

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед смета дека Супер лигата е такво зло што ја нарече „обид за убиство на англискиот фудбал“.

Иако проектот за контроверзното елитно натпреварување наречено Супер лига е откажан, првичниот обид за негова реализација и натаму ја бранува фудбалската јавност, особено на Островот.

„Минатата недела начивачите на Манчестер Јунајтед се бореа за да останат дел од сопственото натпреварување. Ова е нешто многу поголемо од било која индивидуа што е вработена во клубот“, вели Гари Невил за Sky Sports, алудирајќи на протестите организирани од навивачите кон управата на неговиот поранешен клуб.

„Сите кои играат фудбал, сите кои се разбираат од фудбал, што го сакаат фудбалот, знаат дека Супер лигата беше погрешен потег. За мене тие се измамници“.

Невил целата своја кариера ја мина носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед и беше дел од златната ера на Сер Алекс Фергусон освојувајќи буквално сѐ. Сега е стручен коментатор за Sky Sports.

Најавува дека протестите против Супер лигата се претворија и во агенда која има за цел да направи промени во структурата на самиот клуб, односно да се смени сопственичката гарнитура бидејќи сегашните газди веќе не уживаат никаква поддршка од навивачите.

„Крајната цел е да се избркаат сопствениците на клубот, за тоа нема дилема. Но краткорочно, мора да донесеме некаков вид на заштита за да се осигураме дека газдите нема да можат да прават со фудбалот што ќе им текне бидејќи тие сакаат да ни го одземат. Сакаат да ги максимизираат приходите, што е цел на секој бизнисмен, но тоа на сметка на фудбалските навивачи и на фер и рамноправното натпреварување во Англија. Едноставно, тоа е нешто што не смее да се случи“.

„Да употребам посилни зборови: тоа беше обид за убиство на англискиот фудбал. Извинувањето нема да го избрише направеното. Ова отиде многу после извинување бидејќи и втор пат го направија истото. Ако првиот пат се извинуваш нема потоа да го правиш истото. Перес и Лапорта ни почараа дека нема да се откажат и повторно ќе испратат понуда до англиските клубови. Мора да ги запреме“, заврши Невил.

Точно е дека Супер лигата е откажана, но газдите на шпанските колоси Реал Мадрид и Барселона и натаму се надеваат дека еден ден такво натпреварување ќе се реализира.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе