Николас Кејџ ќе го игра Џо Егзотик во серија на Netflix

Се чини дека Netflix навистина имаат слух за тоа што сака нивната публика. А понекогаш знаат да изненадат со производ кој не ни знаевме дека ни треба, ама откако ќе го видиме, не можеме без него.

Легендарниот Николас Кејџ прави камбек на малите екрани после многу долго време и тоа со серија во која го игра Џо Егзотик. Контроверзниот сопственик на зоолошка градина гледачите веќе го знаат од документарниот серијал на Netflix за кој постојано се зборува на социјалните мрежи – „Tiger King".

Иако Џо лично сакал неговиот лик да го игра Бред Пит или Дејвид Спејд, продуцентите сепак се одлучиле за Кејџ, според Variety, кој прв ја објави веста.

Приказната во лимитираната серија од осум епизоди нема да се базира на актуелниот документарец на Netflix, туку на месечните текстови што Леиф Реигстад со години ги пишуваше за Егзотик како дел од серијалот Joe Exotic: A Dark Journey Into the World of a Man Gone Wild.

Продуцентските куќи Imagine Television Studios и CBS Television Studios во јуни, 2019 година конечно ги откупија правата на текстовите од серијалот што Реигстад го пишуваше за Texas Monthly.

Џо Егзотик, чие вистинско име е Џозеф Малдонадо-Пасаж во моментов отслужува 22-годишна затворска казна за насилство врз животни, како и за организирање на убиството на неговата соперничка Керол Баскин.

Кејџ во изминативе години има купувано егзотични животни и има чувано кобри како домашни миленици. Актерот вели дека наоѓа голема инспирација во животните.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе