Нов фитнес предизвик на TikTok: Дали 12/3/30 е решението за вас?

А.С.
/ 24.01.2022 / 09:12

Ѕвездата на социјалните мрежи и актерка Лорен Жиралдо започна нов TikTok предизвик 12/3/30.

Станува збор за е едноставен тренинг на лента за трчање кој наводно ветува сериозни резултати. Хаштагот #12330 веќе има над 70 милиони прегледи во апликацијата, додека хаштагот #12330 challenge има над 18 милиони.

Предизвикот има само три правила или чекори и може да направи револуција во фитнес рутината на речиси секој човек. Многумина тврдат дека ги мотивира редовно да вежбаат. Наводно согорува стотици калории за помалку од еден час, а на некои им помогна да го изгубат вишокот килограми. Со илјадници објавени видеа, доказите се непобитни. Дали методот е навистина толку ефикасен? Свое мислење дадоа двајца лични тренери за женско здравје.

@gigi.fierro Reply to @vickiswed AND THIS WAS JUST FOR ONE WEEK! #transformation #weightlosstransformation #weightlossmotivation #12330challenge #12330 ♬ Bad Girls - M.I.A.

Како функционира методот 12/3/30?

Чекорите се едноставни. Прво, поставете го наклонот на лентата за трчање на 12 и поставете ја брзината на 3 милји на час или 4,8 километри на час. Потоа пешачете 30 минути. Корисниците предлагаат да го прават тоа пет дена во неделата.

Тренерот Хејли Гот вели дека методот е одличен за долниот дел од телото, како и за кардиоваскуларното здравје, додека тренерот Гејл Мекги тврди дека го поддржува имунолошкиот систем и промовира подобар сон.

 

@laurengiraldo the most important thing is waking up and feeling good about yourself 🥺 #12330 ♬ deja vu - Olivia Rodrigo

„Можеби ќе ви помогне да изгубите тежина, но веројатно варира од личност до личност. Срцевиот ритам на секого е различен, и важно е кога се обидувате да изгубите маснотии. Мислам дека може да биде ефикасно ако стане дел од неделната рутина“, рече Гот.

Сепак, тренингот не е за секого. Важно е да се знае дека наклонот може да предизвика повреди кај луѓе кои имаат проблеми со колковите, колената или глуждовите. Исто така, важно е да се грижите за држењето на телото.

„Мислам дека нема никаква штета од правењето на оваа вежба, но е монотона и бавна. Одлично е ако некого ќе мотивира да се движи, но важно е да почнете да ја правите постепено“, заклучува Мекги.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Фит

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе