Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Истражувачите на животот на Леонардо да Винчи тврдат дека имаат нови докази околу потеклото на неговата мајка. Документи издадени на извесна Катерина, „Јакова ќерка и робинка од Черкезија“, откриени во Државниот архив во Фиренца, фрлаат ново светло за потеклото на мајката на славниот уметник и пронаоѓач.

Истражувачите веруваат дека споменатиот документ се однесува на мајката на Леонардо да Винчи, како и тоа дека претставува своевиден доказ дека таа била робинка од Кавказ. Поточно од Черкезија, регион кој се наоѓа северно од Азовското Море и денес е автономна република во состав на Руската Федерација.

Веќе доста долго постои верувањето дека мајката на Леонардо била робинка, а често е опишувана и како неписмена селанка. Новите докази сугерираат дека можеби тоа воопшто не било така, туку дека едноставно не знаела да чита и пишува на тоскански јазик. Професорот од Универзитетот во Неапол и експерт за ренесансата, Карло Вече, тврди: „Сосема случајно пред неколку години беа откриени овие документи, а јас почнав да ги проучувам за да докажам дека робинката по име Катерина не е мајката на Леонардо. Но, на крајот сите докази го сугерираа спротивното, особено документот за ослободувањето“.

Интересно е што на документите е потпишан нотарот Пјеро да Винчи, односно таткото на Леонардо, од 2 ноември 1452 година - кога уметникот имал 6 месеци. Пјеро не бил сопственик на Катерина, туку извесна дама по име Џиневра. Вече објаснува како сите податоци укажуваат дека таа била киднапирана во Черкезија и продадена во ропство, а преку Константинопол стигнала во Венеција, од каде и во Фиренца. Најверојатно Пјеро ја запознал додека слугувала во Палацо Кастелани, сега позната како Музеј Галилео. Набрзо потоа останала трудна, а нејзината сопственичка ја ослободила, или по сопствена волја или по убедување на таткото на Леонардо.

Палацо Кастелани

Леонардо да Винчи првите десет години од своето детство ги поминал со својата мајка, која сама го израснала. Пјеро да Винчи не ја оженил бидејќи поради неговиот статус бил принуден да земе жена од негов општествен слој. На Катерина ѝ бил најден соодветен маж кој ја прифатил нејзината ситуација - во документите од тоа време Леонардо се споменува како „внук на Пјеро да Винчи“, израз кој во тоа време се користел за вонбрачни деца.

URL
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе