Новиот филм за Том и Џери ќе ги оживее спомените од детството
Веќе 80 години Том и Џери се обидуваат да се убијат еден со друг, а сега традицијата продолжува со нов филм чија премиера е закажана за 2021 година.
Мачорот и глушецот ќе ги видиме во хибридниот анимиран филм „Tom and Jerry“. Том повторно ќе го тероризира глушецот за да го исфрли од куќата. Но, тие што редовно ги гледале цртаните со овие два лика, знаат дека мачорот ретко победува.
Премиерата е закажана за март, 2021 година.