Ново истражување откри навика за јадење која може да го намали ризикот од болести

Ако се придржувате до здрава исхрана, тогаш веројатно знаете дека таа треба да вклучува многу зеленчук и овошје, а притоа да внимавате на дневниот внес на шеќер, масти и сол. Едно истражување сега покажа кои навики во исхраната можат да бидат значајни за намалување на ризикот од болести и смрт.

Станува збор за замена на сол со ниска содржина на натриум.

Анализата неодамна објавена во списанието Heart опфатила вкупно 31.949 учесници. Истражувањето како замената на сол може да влијае на здравјето покажа дека секој пат кога количината на натриум хлорид во замена за сол се намалува за 10%, има и намалување на систолниот и дијастолниот крвен притисок. Замените на солта исто така ги забавиле кардиоваскуларните проблеми и смртноста. Резултатите биле конзистентни кај учесниците на различни возрасти, локации и испитувања.

„Овие наоди би можеле да доведат до тоа замена на сол да стане рутина во клиничката пракса и политиката за јавно здравје како стратегија за намалување на внесот на натриум во исхраната, зголемување на внесот на калиум во исхраната, намалување на крвниот притисок и спречување на големи кардиоваскуларни проблеми“, објаснуваат авторите на студијата.

И нутриционистката Џен Ернандес тврди: „Замената на сол може да биде поздрава опција за многу луѓе. Тоа е затоа што основната состојка што се користи за солениот вкус е калиум хлорид наместо натриум хлорид“.

Исто така, кога станува збор за изборот на замена за сол, Ернандес вели дека „најпопуларните видови се на база на калиум или мононатриум глутам“.

Повеќето луѓе би можеле да имаат корист од намалувањето на внесот на натриум, што е она што ги прави замените за сол толку привлечни.

Најчестиот тип на замена за сол е калиум хлорид, кој обезбедува сличен солен вкус, но без натриум. Не само што изборот ви помага да го намалите внесот на натриум, туку исто така ви помага да го зголемите внесот на калиум без да јадете повеќе храна.

Ернандес вели дека повеќето луѓе не добиваат доволно калиум од нивната исхрана: „Просечниот внес на калиум кај мажите е само 3.016 милиграми дневно, додека препорачаната количина е 3.400 милиграми дневно. Жените добиваат просечно 2.320 милиграми калиум дневно. додека препорачаната дневна количина е 2.600 милиграми“.

Можете да користите замена за сол идентично како и кујнската сол. Додадете ја секогаш кога готвите зеленчук, печете храна, зачинувате месо, солите вода за тестенини и слично. Замените понекогаш нема да функционираат 1:1 при печење, затоа не заборавајте да ги прочитате препораките на производителот за рецепти за печење.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе