НУК со пресметки кои угостители колку треба да добијат од шестиот пакет мерки

Со новиот пристап за надомест на штетите и загубите како резултат на носењето рестриктивни мерки со кои се забранува или ограничува работењето на угостителските објекти, Владата конечно ги прифати нашите континуирани сугестии и препораки и донесе посебен шести антикризен пакет наменет за угостителската индустрија кој полека се приближува до реалните и неопходните мерки неопходни за спас и одржување на овој сектор, соопшти Независната угостителска комора (НУК).

Во очекување на правилниците и упатствата за начините на користење на шестиот сет економски мерки, НУК направи симулации на кои угостителски сектори колку од средствата ќе им бидат распределени.

-Доколку една кафетерија со просечен број од 5 пријавени вработени во 2019 година правела просечен дневен промет од 40.000 денари, а во 2020 година 20.000 денари за периодот од 21 ден согласно мерка 3 од шестиот сет мерки ќе добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 286.000 денари. Доколку еден мал ресторан со просечен број од 8 пријавени вработени во 2019 година остварувал просечен дневен промет од 60.000 денари, а во 2020 година 30.000 денари за периодот од 21 ден согласно мерка 3 од шестиот сет мерки ќе добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 405.000 денари. Доколку еден сериозен среден ресторан со просечен број од 20 пријавени вработени во 2019 година остварувал просечен дневен промет од 100.000 денари, а во 2020 година 60.000 денари за периодот од 21 ден согласно мерка 3 од шестиот сет мерки ќе добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 808.000 денари, наведува Комората.

Според НУК, доколку еден ресторан за настани (свадби, прослави, настани и слично) со просечен број од 20 пријавени вработени во 2019 година организиран 20 настани месечно со 200 луѓе и просечно мени од 930 денари (15 евра) по лице согласно мерка 4 од шестиот сет мерки треба да добие неповратна финансиска помош за надомест на штета за овие 21 ден во висина од 1.272.600 денари.

-Ноќен клуб кој може да прими до 300 гости со просечен број од 10 пријавени вработени во 2019 година кој работел само петок, сабота месечно со просечен промет од 150.000 денари од вечер согласно мерка 4 од шестиот сет мерки треба да добие неповратна финансиска помошо за надомест на штета во висина од 435.500 денари, дополнува НУК.

-Се надеваме дека симулациите на пресметките ќе коренсподираат со спроведувањето на шестиот сет мерки. Она што Владата не смее да го заборави е дека целокупната угостителска индустрија трпи континуирани штети од ограничувањето на работното време и посебните протоколи за работа со кои се преполовени можностите за прием на гости со што целокупниот период од Март 2020 година генерира смалени приходи и загуби. Ни останува уште заеднички со медиумите да ја исправиме неправдата што во континуитет ја прави Комисијата за заразни болести со несоодветните препораки и протоколи за работи кои ги носи самостојно и своеглаво без прифаќање на никакви укажувања, сугестии или консултации со угостителите и угостителскиот сектор, истакнува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски. 

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more
 

Вести

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе