Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на одлуката од 10.11.2023 година.
Од 14.11.2023 година, од 0:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 80,00 (ден/л)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 82,00 (ден/л)
- дизел-гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 77,50 (ден/л)
- масло за горење Екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,50 (ден/л)
- мазут М-1 НС – 43,332 (ден/кг)
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,411 денари/килограм и сега ќе изнесува 43,332 денари/килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,435%, кај дизелот 5,152%, кај екстра-лесното масло 1,608% и кај мазутот намалувањето е 1,143%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,060%.